Ван Дајк: Во Ливерпул нема место за оние кои се откажуваат

Натпреварот против Нотингем Форест ја продлабочи историската кариза на Ливерпул кој ги загуби последните шест од седум одиграни натпревари.

Критики по шесттиот пораз во сезоната испрати капитенот Вирџил ван Дајк кој вели дека играчите го разочарале тренерот и самите себе си и дека мора да се борат за да најдат излез од хаосот. Сите оние кои не се подготвени за борба и се подготвени да се откажат – нивното место не е во Ливерпул.

„Дефинитивно го разочаравме тренерот, но се разочаравме и самите себе си. Прво мораме да се погледнеме самите, а потоа да видиме како може да им помогнеме на другите да најдеме излез од овој хаос. Бидејќи во овој момент, ова е потполн хаос. Тоа е факт… Јас не сум некој кој се откажува. Никогаш нема да се откажам. Проддолжувам понатаму без обѕир на тоа колку е тешко, а ние сме во тешка ситуација. На ниту еден фудбалер кој нема желба да се бори, не му е местото во Ливерпул“, изјави Ван Дајк.

Се вчитува...