Пред холандскиот фудбалер Дони Ван де Бек е нова промена на клубот.
Поранешниот фудбалер на Ајакс не се снајде најдобро во редовите на Манчестер јунајтед, каква што е проценката на стручниот штаб на „црвените ѓаволи“.
Најголем интерес за него пројави Реал Сосиедад, а наводно бил нуден и на Рома која ја одбила таа понуда. Фудбалерот од средниот ред имаше и проблеми со повреди на коленото, поради што не успеа најдобро да се снајде во Јунајтед.
Ван де Бек има договор со Манчестер јунајтед до 2025 година, но јасно е дека нема да остане на „Олд Трафорд“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА