Ван де Бек се измори од греење на клупата, Холанѓанецот побарал да си замине од Манчестер Јунајтед

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек сака да го напушти тимот уште во јануари. Холанѓанецот беше фрустриран на континуираното греење на клупата бидејќи воопшто не се појави и во последниот меч на Јунајтед и триумфот над Виљареал во Лигата на шампионите.

Манчестер Јунајтед стигна до првата победа во овогодишното издание на Лигата на Шампоните откако на домашен терен славеше над Вилјареал со 2-1. Гостите го отворија мечот со голот на Алкасер, но до крајот „црвените ѓаволи“ успеаја да го го превземат водството преку Телес и Роналдо.

Еден од оние кои го проследија натпреварот од клупата беше Дони ван де Бек кој сеуште не може да го најде своето место во тимот, но Холанѓанецот се најде во центарот на вниманието со реакцијата по замената во 89. минута од мечот кога пред него шанса доби Фред.

Поранешниот играч за врска на Ајакс сака да има повеќе минутажа и затоа разговарал со клупското раководство да му биде дозволено да замине од „Олд Трафорд“ што е можно поскоро.

Се вчитува...