Легендарниот холандски голман Едвин ван дер Сар објави писмо за навивачите на Манчестер Јунајтед во кое им порачува да го „чуваат“ Дони ван ден Бек и да му помогнат да ги оствари соништата.
„Мили навивачи на Манчестер Јунајтед. Се надевам дека сте добро. Изгледа дека патиштата повторно ни се вкрстија. Еден од нашите ви се придружува сезонава. И како многу пред него тој беше со нас уште од младите категории. Веднаш по неговото деби тој стана еден од нашите најдобри фудбалери. Колку и да не сакаме да признаеме време е да продолжи понатаму. Неговиот сон да продолжи. А каде е подобро за такво нешто, него во вашиот „театар“. Верувајте ми, јас знам. Ве молам, чувајте го, пазете го нашиот Дони и помогнете му да сонува“, стои во писмото на Ван дер Сар.
23-годишниот Ван ден Бек премина во редовите на Манчестер Јунајтед за сума од 45 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА