Ван дер Сар: Го елиминиравме Реал, зошто не и Јувентус!?

Извршниот директор на Ајакс, Едвин ван дер Сар, верува дека неговиот тим има шанси против Јувентус во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Холандскиот великан во осминафиналето беше подобар од Реал Мадрид, а од таборот веруваат дека истото можат да го направат и против Јувентус.

„Очекувам возбудлив натпревар со Јувентус. Мило ми е што сме во четвртфиналето. Ајакс играше на високо ниво против Реал и се надевам дека истото ќе го повториме и против екипата од Торино“ – вели Ван дер Сар. 

Легендарниот голман на Холандија, верува во фудбалерите на клубот.

„Фудбалерите на Ајакс се полни со самодоверба и веруваат во себе. Веруваат дека можат да го победат Јувентус. Имаме млада екипа, ги имаме Тадиќ и Блинд кои ни носат искуство. Уште сме во Лигата на шампионите, а победата против Реал ни донесе дополнителна самодоверба“ – истакнува Сар. 

Првиот меч од четвртфиналето ќе се игра на 10. април во Амстердам, а реваншот е закажан за 16. април во Торино.

Се вчитува...