Ван дер Сар: Ова не е поентата на ВАР, ова е нефудбалски

Легендарниот голман, Едвин Ван Дер Сар кој долги години беше дел од Премиер-лигата се огласи на Твитер по дербито меѓу Ливерпул и Евертон по спорната ситуација во кој на тимот на Јирген Клоп поради офсајд не му беше признат гол во последните секунди од натпреварот.

Ова е толку нефудбалски – одлуките ги носат компјутерски програми. ВАР треба да постои за да ги отстрани грешките и  да покаже офсајд кога е чиста сутација, а судијата да не види или погреши. Ова не е поентата на ВАР“ – напиша Ван дер Сар на Твитер.

 

 

Се вчитува...