Ван Гал откри кои фудбалери сакал да ги доведе во Јунајтед – Тимот изгледа неверојатно

Искусниот холандски стратег Луј ван Гал летото 2014 седна на клупата на Манчестер Јунајтед. Тој на „Олд Трафорд“ мина две сезони во кои не се прослави. Сепак тој во интервју за англиските медиуми изјави дека не било лесно да се води Манчестер Јунајтед бидејќи ниту една од неговите жели не била исполнета.

„Сакав да го доведам Роберт Левандовски, а кога тоа не успеа барав од клубот да ми се донесе Гонзало Игуаин. Исто така во преговорите пред да го преземам Јунајтед беше споменуван и Нејмар. На листата на моите засилувања беа и Садио Мане и Ријад Махрез кои тогаш не беа воопшто популарни. Тука беа уште и Томас Милер, Н’Голо Канте и Џејмс Милнер, а во одбраната ги барав Матс Хумелс и Серхио Рамос“, изјави Ван Гал. 

Ван Гал на клупата на Јунајтед остана две сезони, а единствениот трофеј го освои во ФА купот.

Се вчитува...