Ван Гал: Шефот на Тотенхем сокриен во багажникот од автомобил избега од мојот дом

Луис Ван Гал откри дека пред Светското првенство 2014, кога со Холандија стигна до третото место, имал понуда од Тотенхем, но го избрал Манчестер јунајтед.

Шефот на Тотенхем, Даниел Леви пристигнал да преговара со него во Холандија…

„Леви дојде во мојот дом во Нордвијк, а замина сокриен во багажникот од автомобилот затоа што пред куќата чекаше локален новинар“ – раскажува Ван Гал, и дополнува:

„Преговорите траеја долго и всушност му даде само можност на Манчестер јунајтед за добра понуда“.

Ван Гал потоа ја прифати понудата на Јунајтед затоа што, како што вели, „тоа е најубавиот, најдобриот и најпредизвикувачкиот клуб во Англија“. Тотенхем, пак, го ангажираше Маурицио Покетино.

Се вчитува...