Ванда му одговори на Макси Лопез – Многу добро знае каде живееме

Ванда Нара му одговори на поранешниот сопруг Макси Лопез кој ја нападна дека во време на пандемија од коронавирус таа заедно со децата ја напушти Франција и замина во жариштето на пандемијата Ломбардија.

„Тој ме нападна за тоа што во време на пандемијата децата ги однесов во Ломбардија. Макси многу добро знае дека ние не живееме во Комо, туку во близина на градот. Сите фудбалери на ПСЖ заминаа во своите држави. Нас ни истече договорот во Париз во куќата во која што живеевме. Се консултиравме и со педијатри, што значи дека вооопшто не ги загрозив децата“, изјави Нара. 

Ванда Нара беше во брак со Макси Лопез, а токму Мауро Икарди беше причината за разводот меѓу Лопез и Нара.

Се вчитува...