ВАР ја скрати радоста на Рома (видео)

Рома и со фудбалер помалку беше подобар ривал од Сасуоло, но „волчицата“ не успеа да стигне до три бода на овој натпревар, ремизирајќи 0-0 против едно од најпријатните изненадувања оваа сезона.

Домашниот тим остана со играч помалку пред крајот на полувремето откако Педро доби втор жолт картон и мораше да биде испратен на „ладење“ во соблекувалната. Рома во 45. минута стигна до водечки гол, но ВАР ја скрати радоста на домаќините, поништувајќи го погодокот на Мхитаријан поради прекршок од Џеко.

Босанскиот голгетер беше во главна улога и во второто полувреме, кога од одлична ситуација на додавање на Спинацола го погоди само дирекот од голот на гостите.

Парма и Беневенто исто така одиграа без голови, додека мечот меѓу Удинезе и Аталанта не беше одигран поради обилните дождови во Удине.

 

Се вчитува...