„ВАР“ ќе асистира на двомечот меѓу Челси и Арсенал во Лига – купот

„ВАР“ технологијата ќе асистира во полуфиналните пресметки меѓу Челси и Арсенал во рамките од англискиот Лига – куп. Ова ќе биде прва употреба на новата технологија во Англија, која треба да помата при донесувањето одлуки на арбитрите во спорни ситуации.

Англиската федерација ќе биде четврта од најдобрите пет лиги во Европа која го воведува овој систем, но се уште нема да се спроведе во Премиер – лигата, како што се користи во Серија А, Бундес – лигата, а веќе од следната сезона ќе се употребува и во првата лига на Франција. Премиер – лигата веќе ја употребува „гол лајн“ технологија што се покажа како вистински потег.

Полуфиналните двобои се закажани за 10. јануари на „Стемфорд бриџ“ и 24. јануари на „Емирати“, додека ВАР ќе се употребува и во финалето кое ќе се одржи на 25. фебруари.

Се вчитува...