ВАР-пенал за фрустрација на Мурињо и Тотенхем

Тотенхем во драматичен финиш остана без триумф на мечот со Њукасл, ремизирајќи 1-1 со примен гол од пенал во 95. минута од натпреварот. Лукас Моура беше стрелец на водечкиот погодок на асистенција на Кејн уште во првото полувреме, во кое „спарси“ целосно доминираа, а Сон двапати ја затресе рамката од голот на гостите.

Кореецот на самиот старт од второто полувреме беше заменет со Бергвајн, тоа се одрази и врз темпото на игра на домашниот состав. Ерик Дајер беше трагичарот на „спарси“, во 90. минута тој се спаси поради ненамерно играње со рака, но две минути подоцна го повтори истиот престап, па главниот судија со помош на ВАР покажа на белата точка.

Калум Вилсон ја презеде одговорноста и биеше прецизно на огромно разочарување на Жозе Мурињо, кој си замина кон соблекувалната уште пред судијата да го означи крајот на мечот.

Се вчитува...