Фудбалерите на Милан се вратија на врвот на табелата во шампионатот на Италија, откако вечерва во последниот натпревар од денешната програма од 13. коло во Серија А славеа над Лацио со минимални 1-0.
Откако по првите 45 минути мируваа мрежите, клучниот момент во натпреварот се случи на стартот на вториот дел, поточно во 51. минута кога одличниот Рафаел Леао го постигна погодокот вреден три бода (1-0).
Во финишот судијата гледаше ВАРА за игра со рака на Павловиќ, но не досуди пенал за Лацио, а во целиот хаос директен црвен картон доби тренерот на „росонерите“, Масимилијано Алегри.
Milan [1]-0 Lazio – Rafael Leao 52’
byu/Milan_Academy insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

