ВАР потфрли: Адријан направи „престап“, судиите останаа слепи

Навивачите на Челси со право се бесни откако видео-снимките покажуваат дека последниот пенал на Абрахам бил одбранет на „нелегален начин“, односно дека голманот Адријан направил „престап“ пред голгетерот на Челси да ја шутне топката.

Новите правила на ФИФА воведени од летово се децидни дека голманот мора барем со едната нога да ја допира гол-линијата во моментот на изведување на пеналот, но во случајот на последниот пенал во Истанбул тоа не беше случај со шпанскиот чувар на мрежата на Ливерпул.

Проблемот е уште поголем ако се знае дека на Супер-купот беше употребуван ВАР-систем, но технологијата дефинитивно потфрли откако судиите од ВАР-собата решија да не сигнализираат пеналот повторно да биде изведен.

Се вчитува...