ВАР систем и во ракометот: Гол или не за Бахреин?… Сепак, не! (ВИДЕО)

Интересен момент на натпреварот меѓу Македонија и Бахреин на Светското првенство 2019 во Германија и во Данска.

Во 23. минута од средбата, при 7-7, Бахреинците имаа контранапад и обид кон голот на Борко Ристовски по кој топката заврши околу гол-линијата. Не можејќи да одлучат, судиите решија да се консултираат со видео-снимките кои се далеку од прецизни како со фудбалскиот ВАР систем. Но, сепак делителите на правдата погледнаа и одлучија дека нема гол за Бахреин…

Се вчитува...