ВАР спаси бод за Фулам, Астон Вила растура и со играч помалку

Астон Вила лесно и убедливо го декласираше Кристал Палас со 3-0, уште еднаш потврдувајќи дека премиерлигашот од Бирмингем за разлика од лани сезонава планира многу порано да си го обезбеди опстанокот во елитата. Гостите од Лондон се уште беа во шок од дебаклот од 0-7 од Ливерпул во минатото коло, па избраниците на Рој Хоџсон одиграа уште еден потпросечен натпревар.

Астон Вила поведе со 1-0 преку Траоре, но домаќините на крајот од првото полувреме останаа со играч помалку на теренот по исклучувањето на најдобриот дефанзивец Тајрон Мингс. Се очекуваше Палас да се врати во мечот, но наместо тоа домаќините постигнаа уште два погодоци, преку Хаус и Ел Гази, за печат на заслужената победа.

Фулам и Саутемптон ремизираа 0-0, исход од кој позадоволни сигурно ќе бидат домаќините, особено ако се земе во предвид фактот дека „светците“ постигнаа два гола во второто полувреме, но двата беа поништени со ВАР поради минимални офсајди на гостинските фудбалери.

Се вчитува...