ВАР залудно постои: Торино оштетен, Интер се извлече во 92. минута (ВИДЕО)

Интер не успеа да дојде до посакуваната победа на гостувањето против Торино во Серија А, но може и да биде среќен што во последните секунди од мечот извлече конечни 1-1.

Торино поведе уште во 12. минута со голот на Бремер

Домашните беа оштетени во 36. минута кога имаше очигледен пенал по стартот на Ранокио над Белоти, но и по прегледувањето на ВАР-системот, зачудувачки судијата оцени дека нема пенал.

Па, на крајот Интер успеа да се извлече во 92. минута со голот на Санчез, а на асистенција на Џеко, за конечни 1-1.

Се вчитува...