Варан ќе паузира пет седмици, го пропушта реваншот со Наполи во ЛШ

Францускиот интернационалец Рафаел Варан ќе паузира пет седмици од фудбалските терени откако заработи сериозна повреда на бутниот мускул на дуелот против Валенсија на „Месталја“. Тој беше повлечен од игра во второто полувреме и заменет со Начо, а деталните медицински прегледи покажаа дека ќе мора да паузира повеќе од еден месец.

Варан ќе го пропушти реванш натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите против Наполи на 7.март, а нема да му биде на располагање на тренерот Зинедин Зидан и за натпреварите против Вилјареал, Лас Палмас, Еибар и Бетис во шпанскиот шампионат.

Се вчитува...