Варан паузира неколку недели

Проблем за Манчестер Јунајтед пред продолжение на сезоната. Францускиот дефанзивец Рафаел Варан, ќе мора да паузира неколку недели откако се повреди за време на репрезентативниот дуел со Шпанија во финалето на Лигата на Нации.

Варан го чека пауза од најмалку две недели, а тоа може да биде проблем за Солскјер, со оглед дека најверојатно ќе остане и без услугите на Мегваер, кој исто така се повреди. Двајцата заедно ќе го пропуштат претстојното гостување против Лестер во Премиер-лигата, а речиси сигурно е дека Мегваер нема да се рехабилитира ниту за наредниот меч од Лигата на Шампионите против Аталанта закажан за 20 октомври.

Варан ова лето од Реал Мадрид се пресели во Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...