Варан следниот на „отстрел“ кај Тен Хаг?

Ерик Тен Хаг има „тежок“ карактер, и тоа го покажа во неколку наврати за време на неговото раководење со Манчестер Јунајтед. Тренерот го избрка Кристијано Роналдо поради даденото интервју, а потоа го избриша од тимот и Џејдон Санчо, кој се наоѓа „под мраз“ и во моментов не му е дозволено да тренира со екипата.

Сега нешто слично се случува и со Рафаел Варан. Стоперот е се почесто на клупата за резерви, а пред него играат Мегваер и Еванс. Сепак, сега има нов проблем. Се повреди Еванс, па така ќе се види дали има проблем меѓу Тен Хаг и Варан. Манчестер покрај Мегваер и Варан, го има и Линделоф, и сега сите се во исчекување да видат за кого ќе се реши Холанѓанецот. Ако се реши Варан повторно да биде на клупата, тогаш дефинитивно постои проблем, и покрај тоа што тој демантираше.

„Немам никакви проблеми со Варан, само во прашање е тактичка одлука. Минатата година Варан играше, Мегваер беше на клупа. Сега Мегваер е одличен“, рече Тен Хаг.

Се вчитува...