Вардар без Џиџи против Шкендија, Работнички против Беласица за враќање на победите

Вардар низ уште еден повеќе од тежок натпревар денеска против Шкендија во 24. коло од Првата македонска фудбалска лига во обид за неопходни бодови во трката за опстанок.

„Црвено-црните“ на натпреварот ќе бидат без шефот на стручниот штаб Никола Илиевски – Џиџи, кој е позитивен на коронавирус. Но, „вардарци“ ветуваат максимална борба за да се изненади големиот фаворит.

Работнички, пак, гостува во Струмица против Беласица. Тимот на Александар Влахо сака да се престрои повторно во позитивна насока откако загуби од Академија Пандев (0-2) на домашен терен во минатото коло.

Капитенот Горан Силјановски вели дека Работнички го очекува тешко гостување во Струмица без разлика што ги чека последнопласираниот тим на табелата.

„Беласица е многу поквалитетен тим оваа пролет. Има неколку одлични индивидуалци во тимот и јасно ни е дека не очекува многу тежок натпревар. Ние ги анализиравме сопствените грешки на мечот против Академија Пандев и ќе се обидеме да бидеме на потребното ниво во Струмица. Целта е да се вратиме во посакуваниот ритам што го имавме пред последниот пораз. Мораме да бидеме максимално фокусирани и внимателни и да го дадеме најдоброто од себе за да успееме во нашата цел“ – вели капитенот на „романтичарите“, Горан Силјановски.

ПРВА ЛИГА – 24. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Струмица: АК. ПАНДЕВ – СТРУГА ТЛ

Скопје: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА

Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ

Тетово: РЕНОВА – МАКЕДОНИЈА ЃП

Струмица: БЕЛАСИЦА – РАБОТНИЧКИ

УТРЕ (15 ч.)

Велес: БОРЕЦ – ПЕЛИСТЕР

Се вчитува...