Вардар без лев бек, Борозан „однесен од виорот“

Проблемите на Роберто Парондо како да немаат крај, Дисингер е загубен за оваа сезона, при настап за репрезентацијата се повредија Горбок и Шишкарев, а згора на тоа Вуко Борозан веќе подолго време не му е на располагање на шпанскиот стратег на кормилото на Вардар. Црногорецот долго време се мачеше со повреда, но и откако се рехабилитираше само на моменти го гледавме во црвено-црниот дрес.

Неофицијалните информации говорат дека Борозан се наоѓа на излезна врата од Скопје, за што веќе ги известил и челниците на клубот. Во ситуација на финансиски проблеми на „црвено-црните“, Црногорецот со својата недисциплина дополнително ја урива атмосферата во екипата, и тоа токму во пресрет на клучните пресметки од четвртфиналето од Лигата на шампионите против Пик Сегед.

Иако помошта на Борозан би била добредојдена, „вардарци“ сериозно размислуваат за дефинитивна разделба од „бомбардерот“ уште во текот на сезонава. Тоа би го довело во крајно незавидна состојба Парондо, кој би останал без класичен лев бек за четвртфиналните дуели. Дисингер нема да се врати до крајот на сезонава, а згора на тоа Горбок се повреди на последниот меч меѓу Русија и Унгарија, па и тој би можел да паузира подолго време од терените.

Се вчитува...