Вардар, домаќин на турнир во регионалната лига

Ракометарките на Вардар последните подготовки за главната групна фаза од ЛШ ќе ги имаат на третиот турнир на регионалната ВРХЛ-лига, што ќе се одржи од 19 до 21 јануари во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Според договорениот план на играње на 19 јануари во 17 часот играат Вардар и Будуќност. Следниот ден, на 20 јануари се среќаваат Будуќност и Крим, а на 21 јануари играат Крим и Вардар. Сите натпревари се играат во 17 часот. На претходните два турнири одржани во Подгорица и во Љубљана, „вардарки“ победија на сите четири одиграни натпревари.

Овие натпревари за нашите девојки ќе бидат последна контрола пред продолжувањето на натпреварите од ЕХФ лигата на шампионите. На 27 јануари во ЕХФ лигата на шампионите „црвено-црните“ ќе го пречекаат тимот на Мец.

Се вчитува...