Вардар донесе нов „пикер“ од Полска

Патрик Валчак е најновото име во редовите на Вардар, откако полскиот репрезентативец денеска и официјално ги прифати понудените услови за едногодишна соработка со „црвено-црните“. Станува збор за пивот без некое преголемо реноме, со оглед на фактот дека пристигнува од германскиот второлигаш Либек, а воедно и не е прва опција во полскиот национален тим.

Сепак, „вардарци“ во тимот веќе ги имаат Стоилов и Калараш, но бараа трета опција за да ја покријат и оваа позиција по заминувањата на Горпишин и на Пелко. Валчак може да даде дополнителен квалитет во играта во одбрана, а со оглед на напорниот распоред од натпревари во ЛШ и во СЕХА-лигата сигурно ќе добие можност да ги покаже квалитетите во дресот на „вардарци“.

Тој е осмото засилување на „црвено-црните“ летово, пред него новиот претседател Михајловски успешно ги комплетираше и трансферите на Талески, Георгиевски, Јагуриновски, Кантегрел, Вујин, Векиќ и Гаџа.

Се вчитува...