Вардар е клуб со најголем скок на најновата ранг листа на УЕФА

Македонскиот шампион Вардар е екипа со најголем скок од сите европски клубови на најновата клупска ранг листа на УЕФА.

По крајот на натпреварите по групи во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, УЕФА ги соопшти најновите ранкинг коефициенти според кои Вардар напредуваше за цели 62 места, што е најголем скок на неделата. „Црвено-црните“ сега од 299-та позиција скокнаа на 237. место на УЕФА листата.

Vardar ranking

Од останатите македонски клубови, Шкендија е на 278. место, додека Работнички е на 292. место. Понатаму следат Пелистер (364. место), Силекс (365.), Ренова, Металург, Турново и Тетекс во конкуренција на 442 колку што се на европската ранг листа.

Најдобар клуб и натаму е Реал Мадрид, пред Барселона, Баерн Минхен, Атлетико Мадрид и Јувентус.

Се вчитува...