Вардар е комплетен – се е спремно за Веспрем да падне во Скопје

Тренерот Роберто Гарсија Парондо во текот на сезоната се соочуваше со бројни проблеми поради повредите на стандардните првотимци, но одлична вест за Вардар е што тимот се комплетира токму за клучниот дел од сезоната. Борозан и Мораеш не настапија на последниот натпревар со Рајн-Некар Левен, но црногорскиот бек и бразилскиот пивот без проблеми го одработија вчерашниот тренинг, ставајќи му се на располагање на стручниот штаб за саботниот дуел со Веспрем.

„Добро е што Мораеш и Борозан се повторно со нас. Последниот збор сепак ќе го има тренерот, кој ќе реши дали и колку ќе ги користи против Веспрем“ – коментираат од таборот на „вардарци“.

Вардар ќе го пречека Веспрем в сабота со почеток во 17.30 часот. „Црвено-црните“ моментно се второпласирани во групата со 15 бода, еден повеќе од Веспрем и Кјелце кои се на делба на третата позиција.

Се вчитува...