Вардар е на потег – Ивиќ си оди од Кјелце

Филип Ивиќ е слободен на ракометниот пазар по завршувањето на сезонава, а раководството на Вардар е подготвено да испрати понуда за да го доведе овој одличен голман во своите редови.

Хрватот важеше за еден од најталентираните чувари на мрежата во Европа при настапите за Загреб, по што следеше трансфер во таборот на Кјелце. Повредите го спречија да го исполни сиот свој потенцијал, а откако годинава го загуби првотимскиот статус тој донесе одлука да ги смени клупските бои.

„Причината е јасна – сакам да бидам во клуб каде што повеќе ќе играм, затоа ќе си заминам на крајот од сезонава. Голема благодарност до сите во Кјелце на чело со претседателот Сервас, се надевам дека ќе ми се исполни желбата сезонава да играм Ф4 во Келн со овој клуб“ – истакна Ивиќ.

„Црвено-црните“ во минатото покажуваа интеерес за овој одличен голман, па останува да се види дали сега ќе се вклучат во трката за негов ангажман. Пресудни сепак ќе бидат финансиите, односно дали Вардар ќе биде доволно моќен на овој план да се носи со останатите врвни клубови ширум Европа, во ситуација кога со трансферот на Мораеш во Веспрем продолжува ланскиот тренд на заминување на важни играчи од црвено-црниот табор.

Се вчитува...