Вардар гази се пред себе во Европа (фотогалерија)

Ракометарките на Вардар ја продолжија својата доминација на европската сцена, бележејќи нова победа во Лигата на шампионите. Денеска ривал им беше Мец, тимот што ги декласираше со 14 гола разлика пред нецела година, но Французинките вечерва немаа одговор ниту за нападот, уште помалку за одбраната на „црвено-црните“.

Лејно ја продолжи одличната форма од мундијалот од минатиот месец, Пенезиќ лесно реализираше, Цвијиќ доминираше на линијата… „вардарки“ делуваат навистина застрашувачки и доколку продолжат во ист ритам дефинитивно ќе бидат главни фаворитки за кревање на трофејот на фајналфор турнирот во Будимпешта.

Се вчитува...