Вардар го декласира Силекс и го запоседна врвот

Најтрофејниот македонски клуб Вардар е нов лидер на табелата во Првата фудбалска лига, откако во 7.коло оствари убедлив триумф (3-0) на домашен терен против Силекс. „Црвено-црните“ го искористија ремито без голови на Академија Пандев со Шкупи и со 16 бода се искачија на врвот на табелата. Актуелниот првак Шкендија со 2-0 го совлада тимот на Струга Трим Лум во Тетово, а Ренова славеше минимално (0-1) против Македонија ЃП во Ѓорче Петров.


Реис Јуниор во 22.минута го отвори резултатот во корист на Вардар, а до крајот на привот стрелаа и Даниел Аврамовски во 38.минута и Дарко Мицевски од пенал во 43.минута.

Шкендија стигна до третата последовна победа, славејќи со 2-0 против Струга Трим Лум. Во 9.минута, Марјан Радески со удар со глава донесе водство за првакот, а Бесарт Ибраими во вториот дел го потврди триумфот со погодок во 59.минута.

Академија Пандев не успеа да најде одговор за бедемот на Шкупи, а Ренова освои три бода на гости во Ѓорче Петров со победата (0-1) над Македонија ЃП. Илирид Адеми беше стрелец на победничкиот гол во 50.минута по извонредна соло акција.

Борец и Работнички вчера ремизираа 1-1 во Велес.

ПРВА ЛИГА, 7.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ВАРДАР – СИЛЕКС 3-0

ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ 2-0

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ 0-0

МАКЕДОНИЈА ЃП – РЕНОВА 0-1

ВЧЕРА: БОРЕЦ – РАБОТНИЧКИ 1-1

Табела: Вардар 16, Академија Пандев 15, Македонија ЃП 11, Шкендија 10, Ренова 10, Шкупи 9, Струга ТЛ 8, Работнички 7, Силекс 6, Борец 5.

Се вчитува...