Вардар го избра четврток за да биде домаќин на Пик Сегед

Првиот натпревар од четврт-финалето од Лигата на шампионите меѓу Вардар и Пик Сегед ќе се игра на 25 април, четврток, објавија денеска од раководството на македонскиот првак.

ЕХФ денеска ги објави термините на сите четвртфинални пресметки, а единствено „вардарци“ од четирите први средби ќе бидат домаќини в четврток, и тоа со почеток во 20 часот.  Реваншот со ПИК Сегед е закажан за 5 мај (недела) во 19 часот во Унгарија.

Во останатите четвртфинални пресметки силите ќе ги одмерат: Флензбург – Веспрем, Нант – Барселона и Кјелце – ПСЖ.

Се вчитува...