Вардар го освои Чаир, Шкендија фаќа победнички ритам, Работнички конечно победи (ФОТО)

Вардар ја доби дерби пресметката од 6. коло во Првата македонска фудбалска лига, славејќи со 1-2 на гостувањето против Шкупи во Чаир. Шкендија фаќа победнички ритам, а Академија Пандев со реми на гостувањето против Струга ТЛ ја задржа лидерската позиција на табелата.

Вардар победата ја најави уште во 11. минута со прекрасниот гол на Матеј Цветановски кој погоди од 12 метри. Во второто полувреме од пенал стрелаше Дарко Мицевски за 0-2, а Шкупи во 71. минута единствено со погодокот на Бесар Исени го ублажи поразот.

Шкендија успеа да фати победнички ритам, триумфирајќи во тетовската пресметка против Ренова со 0-2 благодарение на прекрасниот гол на Арменд Алими во 86. минута од средбата, и потоа прецизно изведениот пенал на Бесарт Ибраими во 91. минута.

До реми без голови дојде Академија Пандев на гостувањето против Струга ТЛ, но доволно за задржување на лидерската позиција.

Работнички конечно стигна до триумф. „Романтичарите“ сосема заслужено, иако минимално со 1-0 со голот на Марковиќ во 63. минута дојдоа до трите бода против Македонија ЃП. Претходно во 48. минута, Работнички не реализираше и удар од белата точка.

Најубедливата победа во колото ја запиша Силекс кој триумфираше со 3-0 против Борец.

ПМФЛ – РЕЗУЛТАТИ – 6. КОЛО….

Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР (1-2)

Исени 71′ – Цветановски 11′, Мицевски 60′(п)

Тетово: РЕНОВА – ШКЕНДИЈА (0-2)

Алими 86′, Б. Ибраими 91′(п)

Скопје: РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП (1-0)

Марковиќ 63′

Струга: СТРУГА ТЛ – АК. ПАНДЕВ (0-0)

Кратово: СИЛЕКС – БОРЕЦ (3-0)

Серафимовски 18′, Костовски 43′(п), Ивановски 79′

Се вчитува...