Вардар продолжува да го засилува играчкиот кадар во обид да се состави конкурентна екипа што ќе обезбеди опстанок во прволигашката конкуренција.
Денеска беше официјализиран и седмиот трансфер на „црвено-црните“ за овој преоден рок, откако беше потпишан договор со Филип Дурански, 32-годишниот играч за врска кој ланската сезона настапуваше за екипата на Скопје. Тој во својата богата кариера има настапувано за екипите на Работнички, Силекс и Турново во Македонија каде има забележано близу 200 настапи во првата Македонска лига, и со интернационално искуство во Славија Прага (Чешка) Севан (Ерменија) Егнатиа (Албанија), Серед (Словачка) и Олимпијакос Никозија (Кипар).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА