Вардар го потврди и Валчак – Полскиот џин ја избра седумката

Европскиот ракометен шампион Вардар го претстави полскиот репрезентативец Патрик Валчак. Полјакот со „црвено-црните“ потпиша двегодишен договор до 2022 година, а во дресот на Вардар 1961 ќе го носи бројот 7.

Станува збор за пивот без некое преголемо реноме, со оглед на фактот дека пристигнува од германскиот второлигаш Либек, а воедно и не е прва опција во полскиот национален тим. Сепак, „вардарци“ во тимот веќе ги имаат Стоилов и Калараш, но бараа трета опција за да ја покријат и оваа позиција по заминувањата на Горпишин и на Пелко.

За потсетување, „црвено-црните“ направија „ремонт“ во тимот, потпишувајќи договори со Талески, Георгиевски, Јагуриновски, Кантегрел, Вујин, Јотиќ, Векиќ и Гаџа.

Се вчитува...