Вардар го потврди Цехте: Слушнав само убави работи за „црвено-црните“

Словенечкиот репрезентативец Нејц Цехте (29) од следната сезона ќе биде член на Вардар 1961 и ќе остане најмалку една сезона, со можност за продолжување на соработката доколку клубот е задоволен од неговиот настап.

Цехте игра на позицијата десен бек и моментно настапува за тимот на Хановер во Бундеслигата. Цехте потекнува од школата на Горење, каде настапуваше од 2013 до 2018 година по што замина за Хановер. По пет сезони минати во Германија реши да се пресели во Македонија.

Десниот бек во јануари беше дел и од репрезентацијата на Словенија која настапи на ЕП во Унгарија. Настапи за Словенија и на претходното ЕП 2020 година кога го освои четвртото место.

„Среќен сум што доаѓам во Вардар. Го одбрав македонскиот првак бидејќи знам што значи клубот во светот на ракометот, и знам дека може да придонесе и за мои подобри игри и резултати. Слушнам само убави работи за околу се што ме очекува во новата средина, за тренерот, за новото на кое е клубот, за тренирањето. Очекувам дека ќе ги оствариме резултатите што ќе бидат поставени пред нас, и секако ќе се бориме. Едвај чекам да дојдам во Скопје, со новиот тим, со момците. Се веселам што ќе можам да играм пред таква публика, атмосфера, и да тренирам со стручњак од калибарот на Давид Дејвис“, вели Нејц Цехте.

Вардар сезонава се пласираше во Топ-12 екипи во ЕХФ лигата на шампионите откако во групната фаза во конкуренција на осум екипи го освои петтото место со 13 бода. Сега Вардар ќе игра во осмина-финалето против тимот на Веспрем и ќе барам пласман меѓу осумте најдобри.

Се вчитува...