Вардар и Металург во хумана мисија – приходите од дербито за Борче Јовановски

Ривалството на теренот е една работа, но кога нешто треба да се сработи во хуманитарнии цели, тогаш Вардар и Металург дефинитивно се наоѓаат на иста бранова должина.

Така, приходите од денешното мак-дерби во СЕХА-лигата се наменети за помош на 16-годишниот Борче Јовановски, кој мора итно да биде опериран во странство со трансплантација на коскена срж. Тој болува од ретката генетска болест „Бета Таласемија’, неговата здравствена состојба се влошува поради што е потребно да замине на лекување во странство.

Први со кампања за помош на Борче почнаа „металурзите“ уште пред финишот на настапите во ЛШ, по што беше договорена и соработката меѓу двата најголеми македонски ракометни клубови за да му се помогне на ова момче во борбата за живот.

Се вчитува...