Вардар и против Монпелје без Борозан

И во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, Вардар ќе биде без Вуко Борозан во составот. „Црвено-црните“ денеска од 17:30 часот против Монпелје ќе бидат без левиот бек кој се уште мака мачи со опоравувањето по операцијата на коленото.

Како што најави и претходно тренерот Парондо „вардарци“ немаат други проблеми со повредени ракометари и покрај тоа што неколку првотимци изминативе денови се жалеа на помали повреди. Но, на крајот по соопштувањето на составите на двата тима, Вардар ќе биде со истиот како за претходниот натпревар против Кристијанштад.

Се вчитува...