Вардар игра фантастично – Веспрем закопан за 30 минути во Скопје

Вардар уште еднаш потврди дека се уште е велесила во европскиот ракомет откако „црвено-црните“ во фантастично прво полувреме по 30 минути игра стигнаа до предност од  16-11 против Веспрем.

Унгарскиот гигант пристигна во Скопје желен за одмазда за поразот на домашен терен во првиот дел од сезоната, но наместо реванш Веспрем ја почувствува на своја кожа моќта на „вардарци“ предводени од Дејан Милосављев. Мечот беше израмнет до 8-8, период во кој Лекаи во нападот и Штербик во одбраната не дозвоолуваа Вардар да се одлепи.

Штом се појавија првите проблеми во нападот на Веспрем, така Вардар почна да влегува во ритам, предноста на македонскиот тим растеше од минута во минута, а благодарение на извонредниот Милосављев, на крајот таа изнесува пет гола разлика.

Дисингер со пет гола е прв стрелец на „црвено-црните“ во ова полувреме, а најдобар поединец дефинитивно е голманот Милосављев, кој за 30 минути имаше 11 успешни интервенции.

Се вчитува...