Вардар ја користи СЕХА за „тренинзи“ пред ЛШ

Вардар забележа уште една рутинска домашна победа во СЕХА-лигата, триумфирајќи над екипата на Нексе со резултат 27-25. Како и во претходните ситуации, тренерот Писонеро повторно ја искористи можноста за да им укаже шанса на сите ракометари, но и да одмори дел од првотимците во пресрет на напорниот период што е следи во Лигата на шампионите.

Хрватскиот вицепрвак го искористи тоа и одлично парираше во првото полувреме, а во 24. минута Нексе дури и имаше водство од 9-12. Тоа беше моментот кога Вардар конечно се разбуди и заигра многу подобро, на одмор замина со израмнети 14-14, а потоа во второто полувреме целосно го скрши отпорот на гостинскиот состав.

Дибиров со девет и Дисингер со шест погодоци беа најефикасни во таборот на Вардар, додека на голот Гедбан имаше 15 успешни интервенции. Следен предизвик за „црвено-црните“ ќе биде гостувањето во ЛШ против Мотор, ривал од кој „вардарци“ веќе претрпеа пораз во Украина во рамките од СЕХА-лигата.

Се вчитува...