Вардар на Чаир – ич не виде аир (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шампионот се навикна на европски терени, како на оној во Санкт Петербург со затоплување и летна клима среде зима, арно ама заборави дека доаѓа од Македонија, па кога ќе дојде на Чаир, нема ниту од „Т“ од терен. Калта е македонско фудбалско секојдневие секој декември, а фудбалерите на Чедомир Јаневски заглавија во неа.

Шкупи го искористи тоа, подобро се снајде трчајќи во калта, и на крајот славеше со 2-0. Дека триумфот е потполно заслужен отсликуваат двата прекрасни гола што ги постигнаа Муарем Бајрами и Кристијан Стојкоски.

[new_royalslider id=”864″]

Се вчитува...