Вардар на гостувањето во Кристијанштад ја отвора ноемвриската серија

Во првиот натпревар по паузата во Лигата на шампионите, Вардар денеска (18 ч.) му гостува на Кристијанштад во натпреварот од 6.коло во групата А. По првите пет натпревари, вардарци се на лидерската позиција со четири победи и едно реми, а Кристијанштад е на днотио на табелата со едно реми и четири порази.

Нема лесни и тешки противници. Се ќе зависи од нас, како ќе играме ние. Кристијанштад е млада екипа која секоја сезона игра се подообро и подобро и добива искуство во Лигата на шампионите. Со овој натпревар почнува серијата од шест натпревари во ноември и сакаме успешно да го завршиме овој месец“ – истакна тренерот на Вардар, Раул Гонзалес пред гостувањето во Шведска.

Вардар и Кристијанштад  досега имаат одиграно четири меѓусебни натпревари во Лигата на шампионите во претходните две сезони по ред и „црвено-црните“ секогаш излегувале како победник. Во сезоната 2015/2016 вардарци во гости славеа со 25-30, а во Скопје го победија Кристијанштад со 38-36. И минатата сезона, Вардар се врати со полн плен од Кристијанштад Арена (23-28), а во „Јане Сандански“ беше 32-29 за вардарци.

На денешниот натпревар против Кристијанштад, во составот на Вардар ќе ги нема голманот Страхиња Милиќ и пикерот Рожерио Мораеш, и двајцата имаат проблеми со повреди и поради тоа останаа во Скопје.

Се вчитува...