Вардар на колена во калта на Чаир, Шкендија на +14, Силекс ја освои Струмица

Македонскиот првак Вардар во 18.коло го забележа четвртиот пораз во Првата лига и уште повеќе ги намали шансите за одбрана на шампионската титула. Вардарци заглавија во калта на Чаир и доживеаја пораз од 2-0 на гости против Шкупи. Избраниците на Чедомир Јаневски не се снајдоа најдобро на теренот кој повеќе наликуваше на кочина, отколку на фудбалско игралиште, но фудбалерите на Шкупи покажаа дека во вакви услови повеќе ја посакуваат победата.

skupi - vardar kal 3Муарем Бајрами во 62.минута постигна одличен погодок за водство, а неверојатен беше вториот гол на Кристијан Стојкоски во 86.минута од средбата. Сега Вардар има дури 14 бода помалку од Шкендија, но и два меча помалку кои ќе ги доигра во наредниот период.

skupi - vardar kal 4

Шкендија со убедливи 3-0 го совлада Пелистер во Тетово. Иако на Хасани не му беше признат регуларен погодок во првиот дел, сепак, Бесарт Ибраими донесе водство во 49.минута.

Ферхан Хасани од пенал зголеми на 2-0 во 68.минута, а младиот Зејнулаи го постави конечниот резултат во 90.минута од мечот.

Akademija Pandev - Sileks 5

Силекс ги освои трите бода на гости во Струмица против Академија Пандев, славејќи со 0-1. Милош Ѓорѓевиќ во 15.минута го постигна победничкиот гол за кратовци, по одличната акција, кога Филиповски беше во улога на асистент. Во 45.минута, Зоран Балдовалиев не реализира пенал, откако шутираше крај голот.

Имаше многу интересни моменти и возбуда на овој меч. Силекс еднаш, а Академија Пандев двапати стрелаа во дирекот, но на крајот Силекс се радуваше на триумф.

rab-skopjeee (6)

Работнички беше убедлив против Скопје и победи со 3-0. „Романтичарите“ одиграа одлично второ полувреме во кое ги постигнаа сите три гола. Капитенот Душко Трајчевски со удар со глава погоди во 49.минута, а во завршницата Сержо јуниор постигна два гола за заокружување на триумфот.

rab-skopjeee (15)

Победа и Ренова на Могила ремизираа 1-1. Филип Најдовски во 73.минута ја доведе Победа во водство, но Валмир Нафиу од пенал израмни седум минути подоцна.

ПРВА ЛИГА, 18 КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ШКУПИ – ВАРДАР 2-0

ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР 3-0

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС 0-1

РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ 3-0

ПОБЕДА – РЕНОВА 1-1

Табела: Шкендија 46, Вардар 32 (-2), Силекс 31, Академија Пандев 25 (-1), Работнички 23 (-1), Шкупи 23, Победа 19, Ренова 18, Пелистер 16, Скопје 10.

Се вчитува...