Вардар на поправен против Шкупи во Чаир, Шкендија на „мегдан“ со Пелистер

„Вардарци“ денеска на поправен против Шкупи во Чаир. По ремито (1-1) на првиот осминафинален натпревар од Купот на Македонија, шампионот денеска во 18. коло од првенството во нова пресметка со Шкупи во желбата за три бода и продолжување на битката со Шкендија за врвот.

Јасно е дека, по она реми од пред три дена, чаирчани сега дополнително мотивирани го пречекуваат Вардар. Шкупи секогаш е повеќе од незгодна екипа, за било кој противник, пред своите навивачи. Подготвени се и денеска од 13 часот да покажат дека оние 1-1 во Купот воопшто не биле никаква случајност.

„На секој натпревари и против секој противник играме отворено. Така ќе биде и сега против Вардар. Знаеме дека ќе биде тежок дуел, но и во Куп пресметката покажавме дека може рамноправно да играме со шампионот. Во Купот дури бевме и поблиску до победата. Сега дефинитивно одиме на триумф, со поддршка и од нашите најверни навивачи“ – вели дефанзивецот на Шкупи, Седат Бериша.

Шкендија, пак, против Пелистер во Тетово посакува нов триумф со кој би се задржала разликата на табелата во однос на „вардарци“.

Стратегот Ќатип Османи е убеден дека неговите избраници повторно со максимален ангажман на терен ќе одговорат на предизвикот, без никакво потценување на „пелистерци“ за кои е јасно дека со нетрпение го чекаат крајот на есенскиот дел во кој очигледно беа „растресени“ од финансиската криза во која е западнат клубот.

ДВОЈКИ – 18. КОЛО (13 ч.)

Скопје: ШКУПИ – ВАРДАР

Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – СКОПЈЕ

Прилеп: ПОБЕДА – РЕНОВА

Струмица: АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – СИЛЕКС

Се вчитува...