Вардар не се отпишува никогаш (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Втор меч, прва победа, и тоа против Фленсбург, тимот што во претходните три рунди ги натера на капитулација ПСЖ, Киелце и Порто. Вардар можеби нема буџет како во претходните години, но со вечерашното издание дефинитивно потсети на своите славни денови, кога во „Јане Сандански“ паѓаа и помоќни тимови од актуелниот вицепрвак на Германија.

Стоилов како вистински лидер, Дибиров извонреден во зоната „пет еден“ во одбрана, голови во вистински момент на Дисингер, Јотиќ, за момент се разбуди и Талески… сето тоа одлично вклопено и тактички одработено од тренерот Алушовски. Сите тивко говореа дека и овој Вардар има сериозен потенцијал, но тоа делуваше повеќе како желба отколку како реалност.

Сепак, денешното издание, со покажаната игра, но и карактер и тимски дух јасно покажа дека „црвено-црните“ и сезонава ќе им ги замрсат сметките на врвните тимови ширум Европа.

 

Се вчитува...