Во интересен натпревар, Вардар Неготино го совлада тимот на Скопје во плеј-аутот. Неготинчани на крајот славеа со 26:24-, а речиси во текот на целиот меч беа во предност, која ја одржуваа, и покрај тоа што Скопје 2020 неколку пати успеваше да се доближи до еден разлика, како што беше тоа во финишот.
Гостинскиот тим само двапати во мечот имаше предност (6-7 и 7-8), а откако Вардар го презеде водството, само го зголемуваше, но не повеќе од четири разлика, а потоа доаѓаше до опуштеност, па Скопје секогаш беше блиску да стигне.
Лазар Адамовиќ од Вардар Неготино со девет гола беше најефикасен на средбата.
Претходно, Јуниор беше подобар од Радовиш и го победи со 31-21.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА