Вардар нема конкуренција – Стоилов крена нов пехар за титула (видео)

Ракометарите на Вардар на две кола до крајот на сезоната го осигураа новиот шампионски трофеј на домашната сцена. Максималните осум победи во првите осум кола беа доволни за избраниците на Роберто Парондо да стигнат до нова титула, петта во низа и вкупно 13. во клупската историја.

Разликата во квалитет во однос на ривалите е огромна, па „црвено-црните“ во неколку ситуации во изминатиот месец можеа да се опуштат по едно полувреме, па потоа со фурија од 30 минути да направат пресврт и да стигнат до планираните победи.

Вардар со шампионски менталитет ќе замине во Келн, каде ќе се обиде да стигне до втората европска круна во клупската историја.

Се вчитува...