ВИДЕО: Вардар ограбен – судиите „слепи“ при евро-голот на Најдовски

Вардар повторно има причина да се жали на судиска неправда на дерби-дуел со Шкендија, откако арбитрите не признаа регуларен погодок на Најдовски што сигурно ќе беше во конкуренција за „Гол на сезоната“ во Првата лига. Играчот за врска на „вардарци“ испрати „бомба“ од над 35 метри што заврши во гредата.

Таа експресно се одби од земја и се врати од поле, па иако дел од вардаровите фудбалери бараа гол, судијата покажа играта да продолжи.

Повторената снимка покажува дека е направена огромна грешка бидејќи топката е најмалку дваесетина сантиметри со сиот свој обем зад гол-линијата. Јасно е дека во Македонија нема ВАР, но се поставува прашањето што тогаш прават судиите што стојат крај гол-аут линијата, поставени да реагираат токму во вакви ситуации.

Се вчитува...