Вардар поразен на гостувањето кај Партизан во СЕХА

Ракометниот шампион на Македонија загуби на гостувањето кај Партизан со 28-22 во последниот натпревар од групната фаза во регионалната СЕХА лига.

Избраниците на Владо Недановски многу лошо го стартуваа мечот па домаќинот по осум минути игра стигна и до неочекувано високи плус четири 6-2. Оваа разлика од четири гола Србите успеаја да ја задржат се до 22 минута кога имаа предност од 13-9. „Црвено-црните“ конечно го покажаа сиот свој квалитет и до крајот на првите триесет минути успеаја да дојдат до само еден негатива 13-12.

Вардарци повторно слабо стартуваа исто како и во првото полувреме, а слабата игра ја искористија домаќините за во 36. минута да поведат со 18-15. Македонскиот шампион успеа да возврати со серија од 3-0 и во 42. минута да израмни на 18-18. Следуваше нов голем пад на скопскиот тим кој во следните дванаесет минути постигна само еден гол, а во 54. минута имаа негатива од 24-19.

„Црно-белите“ само ја зголемуваа предноста, а во 27. минута стигнаа до највисоките плус шест 26-20. До крајот рутински го приведоа мечот за конечни 28-22. Филип Талески со девет погодоци беше прво име во таборот на македонскиот шампион, додека кај поразените со еден гол помалку завршија Никола Зечевиќ и Стефан Петриќ.

Конечниот пласман во групата Б од СЕХА лигата ќе биде познат по одигрувањето на двата натпревари меѓу Татран Прешов и Партизан.

Се вчитува...