Вардар потпиша четиригодишен договор со Аргентинецот Куестас

Најтрофејниот македонски клуб, Вардар денеска во својата подготвителна база во Раденци, Словенија, потпиша четиригодишен договор со аргентинскиот стопер Мануел Куестас.

20-годишниот Куестас е во клубот е од јануари оваа година, па низ изминативе шест месеци потврдувајќи ги своите фудбалски квалитети, сега доби договор со Вардар до јуни 2029 година.

Претходно немаше право за настап, но по комплетирањето на документацијата веднаш ќе биде ставен на располагање на шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски, и за официјалните натпревари на тимот.

Се вчитува...