Вардар преку Академија Пандев за доближување до Шкендија! (13 ч.)

Во заостанатиот натпревар од 17. коло од Првата македонска фудбалска лига, Вардар денеска од 13 часот на националната арена „Филип Втори“ во Скопје ја пречекува Академија Пандев, носен од желбата со триумф што повеќе да ја намали разлика со водечката Шкендија пред пролетниот дел од сезоната.

По квалитетното издание против Розенборг во последниот меч од Лигата на Европа, „црвено-црните“ сега веруваат дека со нова слична приказна можат до сигурна победа против Академија Пандев. Шкендија во моментов на лидерската позиција е со 14 бода предност во однос на Вардар. Токму затоа за составот на Чедомир Јаневски безусловно е неопходен денешниот триумф.

„Вардарци“ пред само две недели веќе ги совладаа „академците“ со 0-2 на гостувањето во Струмица. Сега на домашен терен атакуваат на нови три бода, во очекување и на последниот првенствен натпревар за нив во есенскиот дел од шампионатот, против Работнички на 13. декември.

Се вчитува...