Вардар продолжува да гази во Унгарија – нова убедлива победа и место во финалето

Помладите кадети на Вардар продолжуваат со одличниот настап на Европската младинска кошаркарска лига која се одржува во Унгарија. Откако во вчерашните натпревари „црвено-црните“ забележаа убедливи победи против Хонвед и МАФЦ, денеска во полуфиналето беше совладанa Зирос Академија со 74-38.

Вардар беше убедлив до почетокот до крајот на мечот со што го осигура своето место во финалето од квалификациската група и со тоа избори место во главната фаза од првенстовто. Денешниот финален натпревар кој е закажан за почеток од 13 часот ќе може да го проследите на следното видео.

Се вчитува...